Растат тензиите меѓу Индија и Пакистан, соборени и воени авиони

Индија и Пакистан денеска објавија дека меѓусебно си собориле воени авиони, што доведе до драматична ескалација на конфронтацијата меѓу двете нуклеарни сили.

 

Пакистан соопшти дека соборил два индиски авиона во својот воздушен простор и заробил двајца пилоти, но инсистира на тоа дека „не сака да оди во војна” со својот сосед.

 

Индија потврди за еден авион и нагласи дека нејзините сили исто така собориле пакистанско борбено летало, во конфликт што се одиграл на небото над спорниот хималајски регион Кашмир.

 

Пакистан, во меѓу време, го затвори својот воздушен простор до, како што нагласи, „понатамошно известување”.

 

Најмалку шест аеродроми се затворени денеска во Индија, а огромна област на воздушниот простор северно од Њу Делхи е забранаета за цивилни летови.

 

„Ние не сакаме ескалација, ние не сакаме војна“, изјави портпаролот на пакситанската Армија, генерал-мајор Асиф Гафур на прес-конференцијата, повикувајќи на разговори со Њу Делхи. 

 

„Еден од заробените пилоти е во притвор, а другиот е хоспитализиран“, додаде тој.

 

Портпаролот на индиското Министерство за надворешни работи Раџеш Кумар објави дека пакистанскиот авион бил погоден, поради тоа што учествувал во операција „насочена против воените инсталации на индиската страна”.

 

„Пакистанскиот авион беше забележан од копнените сили и се урна на пакистанска страна. Во овој ангажман, за жал, изгубивме еден Миг-21. Пилотот исчезна во акција. Пакистан тврди дека тој е во нивни притвор“, изјави Кумар.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien