Џафери: За евентуално бегство на Вељаноски ќе биде одговорен Судот

За евентуално бегство на Вељаноски и Димовски ќе бидат одговорни судовите, а не Собранието, рече претедателот на македонското собрание Талат Џафери, возвраќајќи на изјавата на обвинителката Вилма Русковска, која вчера кажа дека Собранието ќе биде одговорно ако Вељаноски и Љупчо Димовски, кому исто така не му е одземен пратеничкиот имунитетот избегаат од државата.

 

Џафери повтори дека Собранието немало добиено заклучок врз основа на кој ќе се гласа, бидејќи во надлежната Комисија односот на гласовите „за“ и „против“ одземање на имунитетот биле 4:4.

 

Собранието, како што потенцира Џафери на денешната средба со новинарите, не ја носи одлуката по барање на судот, туку врз основа на заклучок на Комисијата, а таков во случајов немаше. За да не се случува ова во иднина, тој смета дека со измени на Деловникот треба да се предвиди решение како да постапува Собранието во случај кога нема заклучок на Комисијата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien