Научници создадоа вистински патент за затворање рани

ZipStitch претставува замена за шиењето поголеми рани со конци во случаи кога не е возможно да се сошие раната, кога сте во средина каде што нема медицинска помош во близина, кога сте на бојно поле итн. Како што објави In thе Know Innovation, ZipStitch моментално ја затвора раната без употреба на игла и конец и без никаква дополнителна болка.

 

Начинот на употреба на „Zipstitch“ е уште поедноставен отколку самиот механизам. Најпрво треба да ја измиете раната и да ја исчистите крвта, а потоа да го залепите механизмот точно над раната. Единствениот потег кој ви останува понатаму е да го затворите механизмот со помош на малите пластични стеги на двете страни.

 

Кога механизмот ќе биде затворен и добро зацврстен, тогаш и раната ќе биде затворена и ќе може да започне процесот на заздравување. Најдобрата работа околу „Zipstitch“ е тоа што не ви е потребна докторска помош, туку можете самите да го наместите на местото каде е потребно.

 


 

Креаторите на овој изум тврдат дека тој е многу поиздржлив отколку медицинските конци и неговата предност е што не остава лузни, туку остава кожата самата да заздрави.

 

Овој уред е одобрен и од Американската агенција за храна и лекови.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи