Во Прилеп се одржува симпозиум за патронажна дејност

Симпозиум за патронажната дејност во нашата држава и формирање на првото Друштво на патронажни сестри денеска ќе се одржи во Прилеп.

 

Организатор на симпозиумот е Унијата на Здружението на медицинските сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАС) „За нас“.

 

Според програмата, ќе се дебатира за патронажната дејност и за нејзиното унапредување, за профилот на современата патронажна сестра, за грижата на доенчето и за мајката од првиот ден по раѓањето.

 

Предвидени се предавања од патронажната сестра Мирјана Трајановска од Здравствен дом – Скопје, Станка Арсовска од Здравствен дом – Неготино, како и на Даниела Гиевска од фармацевтската компанија „ЗЕГИН“, која е поддржувач на симпозиумот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien