Ново архитектонско чудо на Кина – хоризонтален облакодер

Наречено чудо на инженерството, долгоочекуваниот хоризонтален објект кој се гради во кинескиот град Чонгчинг, по речиси шест години, наскоро ќе биде завршен, информира Си-ен-ен.

 

Дизајнирано од светски познатиот архитект Моше Сафди, проектот е со големина од 1,12 милиони квадратни метри, составен од осум кули и гигантски воздушен хоризонтален мост кој спојува 4 од нив. Поради тоа го ословуваа и како „хоризонтален облакодер“. Два облакодери од мегапроектот се високи 350 метри и се познати како највисоки објекти во Чонгкин. Останатите шест се високи околу 250 метри.

 

Хоризонталниот мост беше наречен „Кристал“, долг е 300 метри, широк 32.5 метри и висок  26.5 метри. Во неговиот простор се предвидени големи градини, ресторани, огромен базен, трговски центар со големина од 230 илјади метри квадратни, 1.400 апартмани за живеење и луксузен хотел со големина од 160 илјади метри квадратни. Изградбата на „Кристал“ беше започната во 2013 година.

 

Вредноста на градбата се проценува дека е 3,8 милијарди долари.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien