ВИДЕО – Здруженијата на тутунари со обвинување : Нема пари за исплата на 245 повереници за јануари и февруари

Нема пари за да се исплатат 245 повереници и околу 20 члена на второстепената комисија за месеците јануари и февруари. Ова денеска го истакнаа од здружението на тутунари од Прилеп „Мице Козар“. Според нив причината за проблемот била во Сојузот на на здруженија на тутунопроизводители на Македонија кој што не им давал пари и според нив имал нелегитимен претседател, господинот Кире Неделковски.

 

 

„Здруженија на ниво на Македонија за претседател го назначија инжинерот и агроном, Ванчно Коцев од Неготино, но централниот регистар без наше сознание го исфрла. Зошто и како и самите не знаеме, нема образложение, само известување дека не сме го поканиле Неделкоски. Не е точно, ние имаме покана, секогаш го покануваме уредно господинот Киро Неделковски, но за жал тој не се јавил ниту еднаш на средбите. Затоа ги повикувам највисоките органи во Македонија да ја преземат работата. Ние имавме контрола над поверениците се до 15-ти, но сега немаме. Во пелагонискиот регион имавме некаде околу 70-80 претставници во откупот на тутун. Понатаму ние немаме повеќе контрола на претставниците, самите се повикуваат дека еден ден ќе направат нешто. Што ќе направат, како ќе направат ние немаме контрола. Тие се сега слободни граѓани и ние не можеме да ги контролираме. На 13-ти овој месец тие сакаа да апстинираат од откупот на тутун, но со наше залагање ние ги вративме назад“, истакна Данчо Милески, претседател на здружение „Мице Козар“ – Прилеп.

 

За да се исплатат сите повереници на ниво на Македонија биле потребни 9 милиони денари. Од нив 800.000 требало да се исплатат за 40 повереници во Прилеп.

 

„Сојузот го сочинуваат 15 членки. Тие општински здруженија, пореку Сојузот на здруженија на тутунопроизводители на Македонија треба да ангажираат, да постават претставници во откупот на тутунот на локално ниво толку колку што имаат откупните компании пријавено пунктови и ваги. Ние тоа го правиме. Зојузот им префрла на здруженијата, како што гледате списоците се готови, направени се и им се исплаќаат на сите претставници 600 денари дневница, плус персонален данок, 667 денари. Секојдневно ни се јавуваат, но пари здружението нема. Не само нашето, сите здруженија немаат пари. Јас мислам дека централен регистар треба само да пишува и бриши. Со самата иницијатива од 15 здруженија, кои донесуваат одлука за нелегитимност на претседателот Киро Неделковски и поставуваат друг, централниот регистар треба тоа најитно да го запиши. Без сознание на иницијативниот одбор централниот регистар сега игра мачка и глушец“, додаде Милески.

 

За оваа ситуациија биле известени премиерот, министерот за земјоделие, министерот за внатрешни работи, директорот на инспекторатот, Министерството за правда, општинското јавно обвинителство, јавно

 

„Јас како внатрешна контрола и член на управниот одбор на здружението Мице Козар, го повикувам уште еднаш господинот Киро Неделковски, да дојди, да најди заеднички јазик, бидејќи ова ги помина сите граници. Поверениците ѕвонат на телефон и бараат пари. Може да дојде до несакани последици, штрајкови, ние не можеме да ги контролираме. Ги повикуваме органите на власт да си преземат мерки, има органи за прогон нека ги известат нив и нека ги вршат работите“, рече Злате Даноски, член на управниот одбор на здружението „Мице Козар“.

 

Претседателот на Сојузот на тутунарски здруженија на Македонија, Кире Неделкоски, истакна дека Сојузот на здруженијата им префрлал пари како што ќе им стигнеле нив од страна на откупувачите. Вчера средства префрлила компанијата „Сокотаб“, а денеска тие пари веќе им биле префрлени на сметките на здруженијата. Како што ќе имало други уплати, така Сојузот ќе им префрлал пари на сметките на здруженијата.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien