САД нудат 1 милион долари за информација околу пронаоѓањето на синот на Бин Ладен

САД објави награда од еден милион долари за информации кои ќе помогнат во лоцирање на синот на Осама, Хамза бин Ладен. За локацијата на т.н. „принц на џихадот“ се шпекулира одамна, а имало разни дојави дека живеел во Пакистан, Авганистан, Сирија или дури во куќен притвор во Иран.

 

„Хамза бин Ладен е син на починатиот поранешен лидер на Ал-Каеда Осама бин Ладен и се издигнува во лидерските вертикали на Ал-Каеда“, соопштија од Стејт Департментот, додавајќи дека нудат еден милион долари за информација која ќе доведе до негово пронаоѓање во било која земја.

 

Хамза бин Ладен, кој според американските власти има околу 30 години, а изминативе години објавувал видео и аудио пораки во кои повикува на напади врз САД и нивните сојузници, во знак на одмазда за убиството на неговиот татко, кој беше убиен во 2011 година од страна на американските специјални сили во Аботебад, Пакистан.

 

 

Според информациите кои минатата година на лондонски Гардијан ги соопшти полубрат на Хамза, тој се оженил со ќерката на Мохамед Ата, главниот во операцијата за киднапирање на авионите кои се срушија во нападот на Светскиот трговски центар во Њујорк во 2001 година на 11-ти септември во кој загинаа околу 3.000 луѓе, после што следеше американската воена интервенција во Авганистан и потрагата по Осама бин Ладен.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien