Столтенберг: НАТО не сака нова студена војна

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг предупреди дека руското кршење на Спогодбата за нуклеарните сили со среден досег претставува тежок безбедносен предизвик.

 

„НАТО треба да се подготвува за свет со повеќе руски ракети, иако Алијансата се обидува да го спаси нуклеарниот договор од 1987 година. Тој договор со децении беше незаобиколив за контрола на наоружувањето. НАТО не сака нова Студена војна, ние не сакаме нова трка во наоружување“, рече Столтенберг по разговорите со бугарскиот премиер Бојко Борисов во Софија, по повод 15-годишнината од бугарското влегување во НАТО.

 

На почетокот на февруари, Вашингтон најави дека се повлекува од Договорот за нуклеарни сили со среден дострел од 1987 година меѓу САД и СССР. Вашингтон ја обвини Москва дека го прекршува договорот. Русија исто така го суспендира своето учество во договорот, ги обвини САД за „измислени обвинувања“ и најави дека ќе почне со развој на нови ракети.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien