Норвешка во април ќе го добие најголемиот подводен ресторан во светот

Норвешка во април ќе го добие најголемиот подводен ресторан во светот. Структура долга 100 метри која потсетува на бетонска цевка и која се наоѓа половина над и половина под морето, односно 16,5 метри под површината.

 

Во внатрешноста на ресторанот има прозорец од 36 метри кој гледа право во морското дно, така што гостите ќе можат уживаат во погледот на морскиот живот додека јадат.

 

 

 

 

 

 

Ресторанот бил намерно изграден во област за која се знае дека има сурова клима. Дебелите ѕидови на ресторанот од три метри биле специјално дизајнирани да го издржат тој огромен притисок на водата.

 

 

 

„Највозбудливото искуство ќе биде да го посетите ресторанот за време на грубото време. Тоа ќе биде фантастично да се види површината на морето растурена од големите бранови и дожд, тоа прави да се има навистина драматичен поглед”, изјави Рубе Грасал, архитект кој учествувал во проектот.

 

Ресторанот ќе има капацитет од 80 100 гости и се наоѓа во најјужниот дел на Норвешка, во приморското село Бали, во регионот Линнесс.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien