ВИДЕО – За 2 месеци регистирани 51 случај на семејно насилство во Прилеп

Огромно зголемување на бројот на жртви на семејно насилство во Прилеп. За само 2 месеци регистрирани се 51 случaј. 50% до 60% од нив биле рецидиви. За споредба во 2018 и во 2017 година се регистрирани по околу 150 случаи годишно. Според социјалните работници ова зголемување се должело пред се на тоа што жртвите станувале свесни за своите права и затоа ги пријавувале случаите, но за жал од 51 случај само еден завршил на суд, во останатите жртвите и понатаму сакале да останат со насилниците.

 

 

„Жртвите сакаат претежно насиилникот да биде повикан во Центарот, да биде запознаен со законот за семејно насилство. Дека не смее да врши насилство врз никого и понатаму не постапуваат“, вели Јасминка Митреска, социјалне работник.

 

За жал Центарот за социјална работа не располага со доволен број на социјални работници и други стручни лица за да се справи со големиот број на вакви предмети.

 

„Доколку продолжи овој тренд ќе мора да работиме повеќе тимови, да има повеќе вработувања и да се работи повеќе на превентивната работа и со жртвите“, додаде Митреска.

 

Центарот пак за граѓанска иницијатива од Прилеп веќе 3 години работи на проект за родово базирано насилство. Лани и годинава проектот е во Општина Долнени и со маргинализираните групи од Прилеп.

 

„Конкретно во 2018 година имавме 13 случаи, на сите им беше дадена психолошка помош во смисла на системско и семејно советување со семејствата. Кое што го работам јас и на 7 случаи беше обезбедена правна поддршка, а тоа го работи колешката“, истакна Кристина Павлоски, психолог во ЦГИ.

 

Најчесто психичкото насилство било поголемо од физичкото.

 

„Во дел од населените места најстрого се забранува жена, мајка на малолетно дете да отиде на сама да изврши посета на училиштето. Во никој случај не може да се случи жена сама да пазари во маркет за да ги купи секојдневните потребни намирници. Кога станува пак збор за полуматурската забава по завршување на основно образование или за матурската забава по завршувањето на средното образование истите се строго забранети за женските припаднички“, вели Талија Петреска, координатор на проектот.

 

Овој проект се работи во заедно со Цетарот за социјална работа од Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи