Ватикан ќе ги отвори тајните архиви од Втората Светска Војна

Папата Франциско изјави дека Ватикан целосно ќе ги отвори тајните архиви од времето на папата Пие XII. Евреите со децении бараат отворање на тајните архиви, бидејќи го обвинуваат папата Пие XII кој ја предводеше црквата од 1939 до 1958 година дека отворено не зборувал за Холокаустот.

 

Неговите бранители сметаат дека Пие XII работел зад сцената, обидувајќи се да ги спаси оние кои биле прогонувани од нацистите, вклучително отворајќи ги вратите на манастирите и другите црковни објекти за да се засолнат Евреите.

 

Архивите ќе бидат отворени на 2 март наредната година на 81 годишнина од изборот на Пие XII за папа. Папата Франциско порача дела црквата нема да се плаши од историјата и додавајќи дека наследството на Пие XII било третирано со „предрасуди и претерување“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien