Жител на Македонски Брод подолг период ја тепал својата сопруга, полицијата му одзела пушки и куршуми

На 03.03.2019 во 18.15 часот во Полициската станица Македонски Брод, 37- годишна жена од Македонски Брод пријавила дека во повеќе наврати, а последен пат истиот ден околу 15.00 часот, во семејниот дом, по вербална расправија, нејзиниот сопруг А.М. физички ја нападнал.
„По преземени мерки, истиот ден во 19.30 часот од А.М. биле одземени ловна пушка М-75 калибар 12 мм, карабин М-48 калибар 7,9 мм, 13 куршуми со калибар 8×57 JS и 84 куршуми со калибар 7.9 и две дозволи за оружје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот“, соопштуваат од СВР Битола.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien