Намерно подметнат пожар помеѓу селата Маргари и Зрзе, нов пожар се појави и кај с. Црнилиште

Попладнево голем пожар го зафати регионот помеѓу селата Маргари и Зрзе во Општина Долнени. Командирот на ТППЕ Прилеп, Виктор Стојчески, истакна дека пожарот кој зафатил 30-тина хектари дабова шума е изгаснат, но дека во моментов се појавил нов пожар кај селото Црнилиште, каде исто така се упатени екипи на ТППЕ Прилеп.

 

„Пожарот со сигурност тврдам дека е подметнат и не е настанат природно. Подметнувачите се дрвокрадци“, вели Стојчески.

 

Повеќе детали за пожарите се очекуваат утре.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien