Поскапуваат горивата, објавен новиот ценовник од Регулаторна

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на дериватите. Од ноќеска на полноќ поскапуваат бензините и дизелот.

 

Според новиот ценовник, бензинот „супер 98“ поскапува за два денари и ќе се продава по цена од 66,50 денари, а литар од 95-ката ќе се точи за 64,50 денари, што исто така е поскапување од 2 денари по литар. Дизелот поскапува за 1 денар и ќе се продава за 61,00 денари за литар.

 

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)  ќе изнесува 49,50 денари за литар, додека цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,619 денари и ќе изнесува 32,847 денари за килограм.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.