Се самоуби Кит Флинт – вокалистот на Продиџи

Светските медиуми утрово ја објавија веста дека Кит Флинт, легендарниот фронтмен на бендот „Продиџи“ бил најден мртов во неговиот дом. Флинт почина на 49 години, а причината за смртта е самоубиство, потврдија членовите на Продиџи во објава на официјалниот профил на бендот на Инстаграм.

 

„Веста е точна, не ми се верува дека го кажувам ова, ама нашиот брат Кит се самоуби викендов. Шокиран сум, гневен, збунет и срцето ми е скршено… почивај во мир, брате. Лиам“, напиша Лиам Хаулет, основач на бендот.

 

Полицијата стигнала во домот на музичарот во Есекс во 8 часот утрово, откако било пријавено дека „постои загриженост за неговата добросостојба“. Флинт бил најден мртов во куќата и полицијата соопшти дека не го водат смртниот случај како сомнителен.

 

Членовите на бендот се простија од Флинт и преку Твитер, каде објавија:

 

„Во шок и со голема тага можеме да ја потврдиме веста за смртта на нашиот брат и најдобар пријател Кит Флинт. Вистински пионер, иноватор и легенда. Ќе ни недостига засекогаш.“

 

Овој музичар стана познат во 90-тите години од минатиот век, благодарение на својата енергија и стил и важи за една од најпрепознатливите личности во светот на музиката. Флинт првично се приклучил во Продиџи како танчер, но во третиот албум на бендот испеал неколку хитови, меѓу кои и „Breathe“, со која ги „урна“ сите топ листи.

 

 

Флинт често во неговите интервјуа зборувал за зависноста од алкохол и дрога, како и за борбата со депресијата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien