Германија донираше возила „дачиа дастер“ и чизми за граничната полиција

Facebook
Twitter
Email
Print

Дваесет возила од марката „дачиа дастер“ во вредност околу 323.000 евра и 351 пар специјални обувки – чизми во вредност од 45.000 евра за потребите на граничната полиција при Бирото за јавна безбедност, е донацијата што денеска ја доби македонската полиција од Сојузното германско Министерство за внатрешни работи.

 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешната работна средба со генерал Грегор Пелцл, директор на Одделението за анализа при Федералната полиција на Германија, и со германскиот амбасадор Томас Герберих, на која го потпишаа Протокол за примопредавање на донацијата, изрази благодарност и потенцира дека нема дилема оти одличните билатерални односи и во наредниот период ќе бидат продлабочувани и ќе одат во нагорна линија.

 

„Оваа помош е повеќе од добредојдена, но суштински е фактот дека СР Германија останува достоен поддржувач и близок соработник на Република Северна Македонија во нашата решеност за спроведување на реформите и патот кон членството во ЕУ“, рече Спасовски.

 

СР Германија од осамостојувањето на нашата држава до денес, нагласи, беше една од земјите кои без ни малку заддршка и двоумење даде огромен придонес во, подвлече, нашите напори да изградиме стабилно демократско и просперитетно општество, подготвено да стане рамноправен член во евроатлантските асоцијации.

 

Според генералот Грегор Пелцл, Владата на Република Северна Македонија презема голем политички ризик, но постигнувањето на Преспанскиот договор, потенцира, даде пример, како може да се решаваат конфликти во регионот.

 

Следен значаен момент, посочи,  ќе биде јуни оваа година кога ЕУ Советот ќе заседава во Брисел и земјите-членки ќе треба да одлучат дали оваа година ќе почнат преговорите за членство.

 

„Германија и понатаму ќе ве поддржува на овој пат, но Владата ќе мора да испорача, ќе мора да се спроведат одредени реформи, тука се вбројуваат и реформите на безбедносните структури“, рече Пелцл, директор на Одделението за анализа при Федералната полиција на Германија .

 

Меѓу другото најави потпишување договор за соработка во областа на безбедноста помеѓу двете држави.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи