ВИДЕО – Педесет и седум годишната Соња Муличкоска од Прилеп си го исполни својот сон во „Никогаш не е доцна“

Во последната емисија на регионалното шоу „Никогаш не е доцна“ настапуваше и 57 годишната Соња Муличкоска од Прилеп. Соња важи за многу позитивна и насмеана личност секогаш со полна енергија. Таа завршила за моден креатор, а отсекогаш сакала да се занимава со музика. Овој пат таа својот сон си го исполни во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“.

 

Таа во музичкото шоу настапи со песната „Ја те пјесмом зовем“ од Ханка Палдум, а на сцената се појави во креација која самата си ја направила. Соња од жирито доби само пофални зборови за нејзината изведба, а Милица ја пофали и дека одлично изгледа. Потоа, Соња заедно на сцената запеа и со нејзината ќерка и во дует ја отпејаа песната „Шеќерна“.

 

Додека двете Македонки растураа на сцената, сите прустни во студиото играа и се веселеа.

 

Целиот настап може да го погледнете подолу на  1ч и 42мин.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien