Македонскиот дизајнер Славче Таневски го претстави своето ново дело Mercedes-Benz CLA Shooting Brake

Македонскиот дизајнер Славче Таневски на саемот за автомобили во Женева, пред светската јавност премиерно го претстави своето ново дело, Mercedes-Benz CLA Shooting Brake. Презентацијата на Таневски се наоѓа на 9 мин. и 49 секунди од видеото.

 

 

Интересно е што својата презентација ја почнува со своите први цртежи само од 2-годишна возраст, кусо објаснувајќи ги своите визуализации за автомобилите.

 

 

 

 

Инаку, тој е еден од најмладите членови на врвниот тим на дизајнери на Mercedes-Benz каде досега самостојно креираше неколку модели за најстариот автомобилски бренд во светот.

 

На официјалната презентација претставени се и освежениот GLC, како и новиот Mercedes-AMG GLE 53 и нови дополнувања во семејството EQ на електрични возила на Mercedes-Benz.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien