ВИДЕО – Прилепчанецот Христијан Конески кинематограф од светски ранг

Прилепскиот кинематограф Христијан Конески, кој моментално живее и работи во Сиднеј Австралија, само уште еднаш не потсети колку тој е вистински мајстор на својот занает и колку Прилеп може да се гордее на него. Неговото последно SHOWREEL видео, или микс од повеќе видеа кои ги има изработено претежно како видео спотови, е доказ за квалитетот на неговата работа која е еднаква на најголемите светски кинематографи.

 

Христија Конески

 

Конески подолг период снима видео спотови за познати музички бендови и ДЈ од САД, Швајцарија, Шведска, Кипар, Шпанија, Холандија, Јужна Кореја, Јапонија, Австралија и многу други.  Доколку сакате да погледнете повеќе видеа од Конески посетете ја неговата интернет страница :  http://hristijankonesky.com/

 

Погледнете го најновото SHOWREEL видео и уживајте !

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи