14 годишно дете почина по компликации од грип

Грипот ја зеде и петтата жртва сезонава. На клиниката за инфективни болести, како последица на компликации од грип почина 14 годишно дете, болно од церебрална парализа.

 

Според податоците од Институт за јавно здравје до крајот на минатиот месец се пријавени 3.209 слуачи со симптоми на грип.

 

Според епидемиолозите луѓето со претходни заболувања најчесто се со тешки компликации од како ќе заболат од грип. Ова е петтиот смртен случај од грип оваа сезона.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien