Викендов ќе биде пуштен автопатот Штип-Миладиновци, годинава ќе се вози бесплатно

Долгоочекуваниот автопат Штип – Миладиновци официјално ќе биде пуштен во тест употреба овој викенд, а официјално ќе биде пуштен по два месеци, велат од Министерството за транспорт и врски.

 

Од Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта велат дека новиот автопат е пуштен во пробна употреба, до наредната година ќе бидат изградени и патарините кои што со основниот проект не биле предвидени, па бидејќи треба време за измени и тендери, дотогаш граѓаните ќе возат бесплатно.

 

Миладиновци – Штип почна да се гради пред 5 години, а чини нешто повеќе од 200 милиони евра, пари обезбедени преку кредит од Ексим Банка.

 

Сугарески и Китанов  уверуваат дека капиталните инвестиции оваа година ќе бидат исклучително високи. Очекувањата се до крајот на годинава рехабилитирани да бидат 800 километри патишта од најразлични категории.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien