СДСМ : ВМРО-ДПМНЕ лажи, во Прилеп не е покачена цената на водата

Криминалната и антизападна ВМРО-ДПМНЕ, во обид да извлече ситни дневно – политички поени, повторно манипулира со граѓаните на општина Прилеп, мислејќи дека сто пати повторената лага ќе стани вистина. Се вели во денешната писмена реакција на ОО СДСМ Прилеп, која доаѓа по пресот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Писмената реакција ја пренесуваме во целост.

 

„Најпрво, ВМРО-ДПМНЕ свесно ја лаже јавноста дека новата локална власт ја зголемила цената за водата за пиење. Напротив, цената на водата за пиење останата иста и таа е пониска од цената која ја препорача Регулаторната комисија.

 

Второ, ВМРО-ДПМНЕ, знае дека станува збор за воведување на нова давачка за утврдување на висината на надоместокот за преичистување на отпадните води, затоа што таквата услуга ја предвиделе токму тие во Договорот за пречистителна станица, којшто во 2008 година го потпишале екс градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, тогашните министри за финансии и за животна средина и просторно планирање, Трајко Славески и Неџати Јакупи, како и поранешниот директор на ЈКП „Водовод и канализација“, Методија Томески.

 

Проектот за пречистителната станица којшто претходниот градоначалник Ристески го нарекуваше историски и со кој самите предвиделе нова услуга за граѓаните, денес за ВМРО-ДПМНЕ е само тема за политичка манипулација со граѓаните.

 

СДСМ останува на дадениот збор дека граѓаните на Прилеп ќе добиваат чиста и здрава вода за пиење по непроменета цена“, велат од ОО СДСМ.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien