Двеиполгодишно девојче почина од сепса на детска клиника

Facebook
Twitter
Email
Print

Двеиполгодишно дете од Скопје починало вчера на ЈЗУ Универзитетска Клиника за детски болести од сепса, по претходна бактериска инфекција, соопшти Клиниката.

 

Женското дете било примено во понеделник попладне на Клиниката за детски болести со знаци за сериозна бактериска инфекција. Според првичните резултати, се работи за пнеумококна бактерија, односно инвазивна пнеумококна болест. При приемот детето имало тешка клиничка слика на сепса.

Претходно, девојчето било релативно здраво, а со знаци на респираторен инфект било третирано една недела од матичен лекар. Дента, поради влошување на состојбата детето е донесено на Клиниката и било примено на одделот за интензивна нега, каде било поставено на респиратор. Но, и покрај сите преземени тераписки процедури по престој од 12 часа детето починало.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи