“Денес над Македонија” останува непроменета

Facebook
Twitter
Email
Print

Националната химна “Денес над Македонија” останува непроменета и споменувањето на името останува исто по објавата на Владата дека донела одлука за преименување на дел од државните и јавни институции согласно Договорот од Преспа, појасни портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.

 

Автор на текстот на македонската химна е Владо Малески, а автор на музиката Тодор Скаловски. Напишана е во 1941 година. По завршувањето на Втората Светска војна е усвоена како химна на СР Македонија во рамките на поранешна Југославија, а во 1992 година со закон е прогласена и за химна на независна Македонија.

 

Освен што потврди дека химната нема да се менува, тој информира дека во моментов тече координација со академиците и деновиве ќе биде објавено за преименувањето МАНУ.

 

И Македонски Брод и Македонска Каменица, единствените топоними во Република Македонија, кои ја содржат продавката „македонски“, куртулија од договорот за решавање на спорот за името. Договорот ги поштедува овие градови, па така, тие и во иднина ќе продолжат да се викаат Македонски Брод и Македонска Каменица.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи