ВИДЕО – Неколку големи пожари беснеат во прилепско, пожарникарите велат дека се подметнати, бараат реакција на надлежните

Неколку големи пожари во моментов беснеат во прилепско. Пожарот кој започна околу 12 часот во атарот на селото Дабница е ставен под контрола, но се уште  постои голема опасност да се прошири поради силниот ветер. Во огнената стихија гореше борова и нисикостеблеста шума на 10-тина хектари. Голем пожар му се заганува и на селото и манастирот Зрзе во Општина Долнени, а гори и во село Марул, кај Селце и месноста Зеленик кај Прилеп. Пожарникарите се сомневаат дека пожарите се подметнати и бараат надлежните да превземат итни мерки.

 

 

„Јас мислам дека е редно тие некои служби да се активираат. Ова се повторува како пред 2 години, знаете каква беше ситуацијата тогаш. И годинава е исто. Цела општина гори, ова е претерано. Неможам да тврдам дали се дрвокрадци, горе колегата забележа дека имаше сечено од боровите, но кои се јас незнам“, рече Горан Чурлиноски, водич на група.

 

Од ТППЕ Прилеп се пожалија дека не располагаат и со соодветни возила за гаснење на шумски пожари. Возниот парк бил стар 30-тина години. Немале ниту доволен број на луѓе.

 

„Возилата кај нас се дотраени, возилата кои ги имаме не можеме да ги користиме на овој терен бидејќи тие се урбани возила. Со теренците навистина се бориме, еве гчедате Лади Ниви од 86-та, 90-та и 91 година производство. Колку што се пали ние не можеме да стигнеме да гасиме, многу се побрзи од нас“, додаде Чурлиноски.

 

Во гаснењето на пожарот кај Дабница учествуваа и екипи на подружницата на Македонски Шуми – „Црн Бор“ од Прилеп, како и екипи на ЈКП „Комуналец“. Тие и вечерва ќе останат да го чуваат местото за да не се прошири огнот.

 

„Според наша првична проценка се работи за намерно предизвикан пожар, проблемот е во тоа што располагаме со ограничен број на луѓе и на ресурси како човечки така и материјални. Во моментов има неколку пожари така што нашето претпријатие во границите на можностите се обидува да помогне секаде каде има потреба, но против човечкиот фактор и намерно предизвиканите пожари тешко дека ќе се справиме“, истакна Влатко Велески, раководител на подружница „Црн Бор“ Прилеп при ЈП „Македонскии Шуми“. 

 

Освен намерно предизвиканите пожари од дрвокрадци, дел од огнените стихии се предизвикани и од палење на стрништа. Повеќе информации за пожарите се очекува да има во текот на утрешниот ден.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien