ВМРО-ДПМНЕ : СДС не може да скрие дека Јованоски ветуваше 20% поевтини сметки за вода, а сега прилепчани плаќаат 60% повисоки

На лагите на криминалната, предавничка и неспособна СДС им нема крај. Неможејќи да ја сокријат својата неспособност, пишуваат манипулативни соопштенија со кои сакаат да си поиграат со разумот на народот. Но народот е мудар и повеќе не им верува. Истакнаа на денешната прес конференција Бојан Димески, потпретседател на Унија на млади сили на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Она што СДС не може да го сокрие се два факти. Прво дека градоначалникот Јованоски ветуваше 20% поевтини сметки за вода. Второ, дека граѓаните на општина Прилеп плаќаат и ќе плаќаат во иднина за околу 60% повисоки сметки за вода.

 

Или со овие нови цена, за потрошени 15 метри кубни вода во месецот, сметката за вода ќе изнесува 800 денари, за потрошени 25 метри кубни ќе изнесува 1.345 денари, а за 30 кубни метри 1607 денари месечно. Граѓаните веќе ги примија првите сметки кои значително удрија по нивните џебови.

 

Ова не е прво зголемување на сметките за вода во време на СДС. Најпрво премолчено се поскапи цената на вода од 26.22 на 26.70 денари, ставката за надомест за одведување на урбани отпадни води од 3 на 5.28 денари, за најпосле, да се додаде и ставката за пречистување на урбани отпадни води која изнесува 17.35 денари за секој метар кубен потрошена вода.

 

СДС и Јованоски треба да им одговорат на семејствата кои едвај врзуваат крај со крај зошто не е реализирано предизборното ветување за 20% пониски сметки за вода? Наместо пониски сметки, сега истите ќе треба да платат значително повисоки сметки.

Дали граѓаните на ваков начин го плаќаат вработувањето на партиски војници и роднини на функционери од редовите на СДС во ЈКП Водовод? И наместо субвенционирање на работата на Пречистителната станица, СДС реши оваа давачка да биде на грбот на прилепчани.

 

Затоа оваа неспособна власт мора што поскоро да си замине! За добро на градот, за доброто на сите сограѓани!“, истакна Димески.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien