ВИДЕО – Со изложбата на рачно изработени маски денеска започна 18-тиот карневал Прочка во Прилеп

Со изложбата на традицонални рачно изработени маски на учениците во основните училиштта денеска во Прилеп започна 18-тото издание на меѓународниот карневал „Прочка“. Посетителиите уживаа во неколкуте стотици уникатни креации.

 

 

„Најмногу ги користиме природните материјали со цел да се задржи она традиционалното кое  го имаме. Маските се прекрасни ги има во голем број, над 200 маски се. Секоја година се подобри и подобри, морам да ги пофалам учениците за нивната креативност“, рече Марта Макеска, професор по ликовна уметност.

 

Утре е дефилето на детскиот карневал, а главната свеченост ќе се случи во недела со големо дефиле во центарот на градот. Годинава ќе има и голем број новини.

 

„Прилеп и Општина Прилеп сме подготвени за годинешното издание на карневалот и ќе ги пречекаме сиите гости кои се над 600 од нашата држава и од странство. Подготвени сме и мислам дека учесниците, посетителите и гостите ќе уживаат во прекрасните дефилеа. Годинава ќе има и нови тоа е „Статуа фест“ кој со својата интерактивност со публиката ќе му даде уште поголем шмек и ќе биде направена поголема приказна на овој начин“, кажа Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

На карневалот се најавени над 600 учесници од Македонија и Балканот.

 

„Народот оваа година ќе има можност да види прекрасни маски, маски кои за прв пат ќе учествуваат, такви се 13 маски од Македонија и странство. Се надеваме дека сите посетители коии ќе дојдат на овој карневал ќе бидат задоволни бидејќи ќе видат нешто невидено. Второ оваа година имаме театар на отворено, што не е својствено за Прилеп бидејќи за прв пат ќе видиме нешто ново, современо и светско“, изјави Ванчо Ѓорѓиев, претседател на карневалот „Прочка“.

 

Фестивалот треба да заврши во понеделник со традиционалниот ручек со посен грав на Прилепските Мечкари.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien