„Спејс Икс“ на Илон Маск го заврши пробниот лет во вселената и денеска слета на Земјата

Капсулата на компанијата „Спејс Икс“ во сопственост на Илон Маск се одвои од Меѓународната вселенска станица и се спушти на Земјата.

 

Откако изминатата недела беше закачена за Меѓународната вселенска станица, капсулата „Дрегон“денеска повторно влезе во Земјината атмосфера, при што специјални топлотни штитови ја заштитија од високите температури, пред меко да се приземји со помош на 4 падобрани на 450 километри од Кејп Канаверал, Флорида.

 

Сѐ помина според сценариото“, рекоа од контролата на летот.

 

Единствениот патник на историскиот лет беше куклата Рипли, која беше целосно прекриена со сензори, за да се следат силите, на кои би биле изложени и човечки космонаути во иднина.

 

Од успешноста на овој тест зависи и дали НАСА повторно, по осум години пауза, ќе почне да испраќа мисии со луѓе, што најрано би можело да се случи во јули.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien