ВИДЕО – Заврши карневалот „Прочка“, денеска во Прилеп продефилираа над 1.000 учесници од Македонија и Балканот

Заврши 18-тиот по ред меѓународен карневал „Прочка“. Манифестацијата својата кулминација ја имаше денеска со главното дефиле кое се случи во центарот на Прилеп каде пред публиката се претставија над 1.000 маскирани учесници од Македонија и повеќе балкански држави со 45 групни и поединечни маски. Гостите од странство беа воодушевени од атмосферата.

 

 

„Тука доаѓаме веќе 3-4 години по ред, карнавелот е прекрасен, луѓето се љубезни, секогаш си поминуваме феноменално. Ова е еден од најубавите карневали кои ги посетуваме преку целата година“, Зорана Радишиќ, кажа Билјана Чирковиќ, учесник на карневалот од Србија.

 

„Дружењето, запознавање на нови луѓе, групи, весела атмосфера, убавата енергија тоа е тоа што не привлекува на карневалите, нашата маска е „Метаморфоза“, рече кажа Билјана Чирковиќ, учесник на карневалот од Србија.

 

„Ние имаме карневалска група која е една од најстарите на Балканот, со 206 години традиција. Денеска тука го донесовме премиерот на Хрватска кај вас на гости“, истакна Анте Шушко, учесник на карневалот од Хрватска.

 

„Носиме маска на познати лица кои се поставени во рамка. Така што сакаме да го претставиме минатото во еден современ свет, рече Марија Димеска, учесник на карневалот од Македонија.

 

На свеченото отворање на главното дефиле приствуваше и претседателот на ФЕКК на Европа, Ларс Алгел, како и повеќе претставници на Федерацијата на карневалски градови. Тие истакнаа дека Прилеп има одличен карневал и дека планираат во иднина да доаѓаат тука многу почесто.

 

„Многу ми е мило тоа што Прилеп е еден нашите позначајни членови на ФЕКК. Убаво е кога карневалите ги обединуваат луѓето, понекогаш светот се менува, но што останува вечно се карневалите“, рече Ларс Алгел, претседател на ФЕЕК на Европа.

 

„Имаме преубаво сонце, многу народ на улиците, ова ме потсетува на карневалите во мојата држава, се надевам дека сега често ќе доаѓаме“, потенцираше Марион Хирхе, потпретседател на ФЕЕК на Европа.

 

Куриозитет е тоа што освен учесници во Прилеп започнаа да доѓаат и посетители од странство кои сакаат само да го гледаат фестивалот.

 

„Полека се развива тој алтернативен туризам кај нас, денес како што гледаме имаме над 1.000 гости од земјава и странство, така што мислам дека догодина ќе имаме уште повеќе учесници и уште повеќе гости“, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

„Морам да потенцирам дека имаме посматрачии, односно гости од Грција, Бугарија и Србија, коии се дојдени само како туристи, илии како што ниие гии виикаме карневалски туристи“, рече Ванчо Ѓорѓиев, претседател на карневал „Прочка“.

 

Наградите за најдобри маски ќе бидат доделени вечерва на маскембалот кој ќе се одржи во 21 часот, а манифестацијата според традицијата завршува утре со ручек и посен грав кој го даваат организиаторите, здружението „Прилепски Мечкари“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien