Државниот фестивал на непрофесионален филм годинава во Крушево

Оваа година во месец мај во Крушево ќе се одржи 48-от Државен фестивал на непрофесионален филм на кој се очекува да настапат многу перспективни режисери од Македонија. Тие ќе се натпреваруваат во категориите: Документарин филм, краток игран филм, експериментален филм, Анимиран – цртан филм, едноминутен филм.

 

Фестивалот, кој ќе се одржи на 24 и 25 мај, е во организација на Кино сојуз на Македонија и народна техника на Македонија, а со поддршка на Агенцијата за филм на Македонија и општина Крушево.

 

„Државниот фестивал на непрофесионален филм оваа година го организираме во Крушево, со поддршка на локалната самоуправа и истиот ќе донесе нови посетители за нашата општина“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien