Прилепчанец паднал од мопед, со тешки повреди завршил во болница

Прилепчанец бил тешко повреден откако изгубил контрола на мопедот што го управувал вчера во Прилеп.

 

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 14.30 часот на улицата 11-ти Октомври во Прилеп.

 

А.С.(44) управувајќи мопед изгубил контрола и паднал на коловозот. Од падот А.С. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата во Прилеп, каде му била укажана лекарска помош.

 

Увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien