СВР Битола казнила 15 пијани возачи и 32 возачи бидејќи возеле брзо

Во сообраќајна акциска контрола изминатиов викенд на подрачјето на СВР Битола  биле казнети 32 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената и 15 кои возеле под дејство на алкохол.

 

Контролирата била со цел за откривање на несоење зимска опрема, управување без возачка, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата , товарни возила,  појас, светло и алкохол, во сите полициски станици. Полицијата контролирала 906 возила и возачи.

 

Казнети се 15 возачи кои возеле пијани, 32 возачи го управувале возилото со поголема брзина од дозволената, 16 возачи управувале без возачка дозвола или со измината важност.

 

Кај едно возило е утврдена техничка неисправност, а на 8 возила утврдено е дека се нерегистрирани или се со измината важност на сообраќајните дозволи. Санкционирани се шест возачи кои зборувале на мобилен телефон додека управувале возило, а еден возач бидејќи извршил неправилно престигнување.

 

Исто така при контролата откриени се и други 35 видови други прекршоци.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien