Со касапскиот грав во манастирот „Свети Ѓорѓија“ заврши карневалот „Прочка 2019“

Со традиционалниот ручек во манастирот „Свети Ѓорѓија“ организиран од страна на „Прилепските мечкари“, заокружено е годинешното 18-то по ред издание на Меѓународниот карневал „Прочка 2019“.

 

На ручекот присуствуваше и градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на Совет на општина Прилеп, Миле Талевски. Јованоски нагласи дека „Прилепските мечкари“ ги имаат најголемите заслуги за речиси дведецениската традиција на одржување на карневалот.

 

На ручекот со кој официјално почнуваат велигденските пости, присуствуваа околу 250 гости од Прилеп, меѓу кои и 40 члената група од Бугарија, која годинава беше дел од манифестацијата „Прочка 2019“.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien