Снег на планинските превои Плетвар, Стража и Пресека

Од АМСМ соопштуваат дека на планинските превои во државата има остатоци од снег, и поради тоа сообраќајот се одвива отежнато.

 

„Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на Попова Шапка, Маврово и на планинскиот превој Стража со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат. Снег со слаб интензитет паѓа на Попова Шапка, во Маврово, Дебар и на планинските превои  Плетвар и Пресека.“, соопштуваат од АМСМ.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien