18 години затвор за убиецот Енвер Тоска

Пет члениот судечки совет во Основниот суд во Прилеп денеска го осуди 24 годишниот полицискиот службеник од Битола, Енвер Тоска, на 18 години затворска казна за убиството на својот 36 годишен сограѓанин Алили Бекир, кое се случи лани на 14 септември во близина на приилепското село Беловодица.

 

Инаку на вчерашното судско рочиште Тоска се  произнесе како виновен и го призна делото. Тој прво го убил Бекир, а потоа за да ги сокрие трагите го запалил телото со бензин.

 

Од денес тече рокот од 15 дена на право на жалба, каде жалба може да понесат обвинителот, бранителот на семејството на убиениот како и одбраната Тоска.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien