Автомобил удри пешак во Прилеп, повредената итно пренесена во болница

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера во Прилеп, кога возило прегази пешак.

 

Како што информираат од полицијата, вчера во 19.20 часот на улица „Александар Македонски“ во Прилеп, патничко возило „Опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.Н.(54) од Прилеп, удрило во пешакот К.Ј.(29) од Прилеп, која се здобила со тешки телесни повреди и итно била пренесена во болницата во Прилеп.

 

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien