МАНУ ја задржува кратенката – ќе го менува долгото име

Македонската академија на науките и уметностите согласно Преспанскиот договор ќе го промени име, но ќе си ја задржи досегашната кратенка.

 

„МАНУ ќе ја задржи кратенката, долгото име не може да биде како што било. Кратенката останува, а академиците ќе го утврдат долгото име на институцијата“, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

 

Премиерот Зоран Заев во јавноста веќе спомена две можни опции за долгото име: Национална академија на науките и уметностите или Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија. Меѓутоа, конечната одлука ќе ја имаат академиците.

 

Владата бара да се почитува идентитетот и нагласува да не се употребува придавката северномакедонска или северномакедонски, затоа што членот 7 од Договорот јасно го разграничува тоа. Употребата на терминот “македонски” е погрешен само во случајот кога станува збор за претставници на државата. Па така погрешно би било употребувањето на терминот македонски министер, претседател, премиер.

 

Во меѓувреме политичките партии пак нема да ги менуваат своите имиња, но во претставувања надвор од државата ќе биде допишано дека се од Северна Македонија.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien