Чавков во притвор – неговата ќерка обвинува за притисок, закани и измислици

По апсењето на бившиот министер за внатрешни работи Митко Чавков кој е обвинет како организатор на насилството на 27 април, поради можност за бегство од државава, на својот фејсбук профил се огласи неговата ќерка Зорица Чавкова.

 

„Го повикувам обвинителството јавно да обзнани барем еден доказ со кој се поткрепува информацијата, од службената белешка на МВР, дека Чавков поседува вила на Халкидики и дека планирал бегство. Одговорно тврдам дека ова е лага. Убедена сум дека оваа белешка е измислена под притисок и закани од нарачателите и дека ќе се разоткријат истите. За овој случај ќе бидат известени сите меѓународни субјекти, сите амбасади“, напиша Чавкова.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien