Најчитаните книги за 2018 година

Организацијата „Компјутерски онлајн библиотекарски центар“ (ОСLC), со седиште во Охајо, објави листа со 100 најчитани книги, а податоците се собрани од повеќе од 18.000 книжарници низ светот.

 

На прво место е неприкосновениот борец против ветерниците, бистриот витез од Манча, „Дон Кихот“, чија судбина ја испишал шпанскиот писател Мигел де Сервантес во далечната 1605 година. На листата со најчитани се најдоа и другите познати класици на Марк Твен, Емили и Шарлот Бронте итн.

 

„Секако дека на листата со најчитани книги се класиците“, вели Скир Причард, претседател на организацијата OCLC што стои зад листата со најпопуларни книги во книжарниците низ светот.

 

„Ова го одразува преовладувачкото културолошко гледиште за канонот и неговото формирање“, вели тој.

 

На прво место се најде „Дон Кихот“ од Мигел де Сервантес. На второ место е „Алиса во земјата на чудата“ од Луис Карол, потоа две дела на Марк Твен – „Авантурите на Хаклбери Фин“ од 1884 и „Авантурите на Том Соер“ од 1876 година. На петтото место се најде „Островот со скриеното богатство“ на Роберт Луис Стивенсон од 1883 година.

 

Меѓу авторите на листата со најчитани 100 книги е и Луиза Меј Алкот со „Малите жени“ што се најде на 16. место, потоа Мери Шели со „Франкенштајн“ на 19. место „Колибата на чичо Том“ од Хариета Бичер Стоу на 21. место „Да се убие птицата подбивница“ од Харпер Ли, на 29. место „Тајната градина“ на Френсис Хоџсон Барнет, на 45. место се најде Џ.К.Ролинг со серијалот „Хари Потер“ (од кои најчитан е „Хари Потер и каменот на мудроста“), на 46. место се најде швајцарската авторка Јохана Шпири со „Хајди“.

 

„Одвеано од виорот“, епскиот роман на Маргарет Мичел од 1936 година со незаборавната Скарлет О’Хара како главен лик, се најде на 77. место.

 

На листата се најде и Чарлс Дикенс со неколку негови книги, од кои најчитана е „Божиќна приказна“ (13. место). „Злосторство и казна“ на Фјодор Достоевски се најде на 22. место, „Војна и мир“ на Лав Толстој на 28. место, „Ана Каренина“ на 38. место. Од другите добро познати класици најпопуларен е „Моби Дик“ на Херман Мелвил, кој се најде на 9. место, на 10. место „Писмото на Скарлет“ од Натаниел Хоторн и на 11. место „Гуливеровите патувања“ од Џонатан Свифт. Најновиот наслов меѓу 100. најчитани книги е „Кодот на Да Винчи“ од Ден Браун од 2003 година, кој се најде на 88. место.

 

OCLC е светска непрофитна организација основана во 1967 година како библиотекарски центар на колеџот „Охајо“ по иницијатива на професор од Универзитетот во Охајо. Целта била да се создаде систем базиран на компјутерската мрежа што би ги опфатил сите податоци од книжарниците од наведениот универзитет, но со текот на времето почнал да собира податоци од другите книжарници во САД и во светот. Достапноста на материјалот на OCLC се проверува на „Ворлдкат“, најголемата база на податоци од книжарите што обединува материјал од 72.000 светски книжарници, музеи и архиви.

 

Целосната листа со 100. најчитани книги можете да ја погледнете ТУКА.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien