Расте бројот на бубрежно болни – секој трет може да развие бубрежна билест

Расте бројот на пациенти со бубрежни заболувања. Преку 1500 граѓани во земјава се лекуваат со дијализа, секој десетти има акутна или хронична бубрежна слабост, а кај секој трет постои опасност од бубрежно заболување.

 

На светскиот ден на бубрегот лекарите алармираат – прекумерната тежина, дијабетот и хипертензијата се најчести причинителни на бубрежни заболувања. Податоците на здравствените власти покажале дека една третина од пациентите кои завршиле на дијализа имале дијабетес.

 

Во земјава напоредно расте и свеста за донирање на органи, како од починат донор, така и од живи донори. За последните три месеци дури 6 пациенти кои со години оделе на нефрологија добиле бубрег од кадавер. Дополнително кај 20 пациенти била извршена трансплантација од жив донор. Уште осум пациенти од дијализа наскоро ќе добијат нов бубрег.

 

Инаку, според последниот извештај на Интернационалниот регистар на донирање на органи, земјава е деветта во европски рамки во делот на трансплантација од жив донор.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien