ВИДЕО – Ристески : Процентот на реализација на капиталните инвестиции во Прилеп е мизерни 24%

На денешната седница на Советот на Општина Прилеп имавме повеќе точки на дневен ред, од кои позначајни беа завршната сметка и извештајот за извршување на буџетот на Општина Прилеп за 2018 година. Веднаш ќе кажам посликовито, за да граѓаните на општина Прилеп им биде јасно колку како и што работела локалната самоуправа на СДС на чело со градоначалникот Илија Јованоски. Ова го истакна Петар Ристески, координатор на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп по завршувањето на денешбата седница на Совет на Општина Прилеп.

 

 

Неговата изјава ја пренесуваме во целост.

 

 

„Од овој извештај се гледа дека капиталните инвестиции, процентот на реализација е мизерни 24%, најниско ниво досега од постоењето на локалната самоуправа. Ова значи да доаѓаш на работа, да земаш плата цела година, а да завршиш само 24% од своите обврски. Од она што градоначалникот го ветуваше пред изборите, затворен базен, спортско-рекреативен центар, реновирање на старата прилепска чаршија, завршување на училиштето во сточен пазар и многу други капитални, крупни проекти за кој граѓаните на општина Прилеп му дадоа доверба, апсолутно ништо не е реализирано.

 

Она што го реализираше Јованоски и неговата локална самоуправа во изминатата 2018 година е лага за тоа што го вети пред изборите. А вети 20% пониски сметки за вода, сведоци се граѓаните на своите сметки за вода видоа дека добија повисоки 60%, односно граѓаните на општина Прилеп скапо ја плаќаат лагата на градоначалникот Илија Јованоски за пониски сметки за вода, за кои на изборите му ја дадоа нивната доверба.

 

Што направија друго? Направија двојазичен Прилеп и направија Прилеп во држава Република Северна Македонија. За две години централна власт и нецели две години локална власт, оваа власт не направи ништо друго. Ја обезличи државата, донесе пустош во Прилеп и направи само едно нешто, непотизам на секој чекор. Си ги вработуваат своите роднини, сопрузи, ќерки, внуци, фамилиите до 9-то колено. Многу пати укажувавме на ова, еве денеска и потврда на оваа седница. Во извештајот за работата на ЈКП Водовод и Канализација, за една година во 2018 има 8 милиони денари повеќе потрошено пари, во споредба со претходната година, за привремени, односно сезонски вработувања. А обемот на работа е истиот кој го вршеле многу помалку вработени во изминатите години. 8 милиони денари само во ЈКП Водовод потрошени за вдомување на партиски послушници, на роднини, пријатели, браќа, сестри, внуци и останати блиски на челниците, функционерите на СДС.

 

Затоа оваа ненародна, недомаќинска, предавничка власт на СДС, мора да биде казнета на првите избори“,Петар Ристески, координатор на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien