Москва: Подготовките на САД за поставување оружје во вселената е неодговорно

Официјална Москва оценува дека подготовките на Вашингтон да постави оружје во вселената се неодговорни, изјави денеска портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

 

„Чекорите на САД преземени во последно време, во однос на подготовки за распоредување оружје во вселената, вклучувајќи и формирање на вселенска група за ракетна одбрана, ја потврдуваат растечката потреба од меѓународни напори за спротивставување на таквите неодговорни планови“, истакна Захарова.

 

„Се надеваме на брз почеток на преговори за ова прашање на конференцијата за разоружување, а во контекст на одржување меѓународна безбедност и стратешка стабилност“, потенцира таа.

 

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе учествува на конференцијата за разоружување во Женева на 20 март.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien