СДСМ : ВМРО-ДПМНЕ го инсталираше непотизмот, по примерот на СДСМ да се повлечат нивните вработени

ВМРО-ДПМНЕ, партијата што ги инсталираше криминалот, корупцијата и непотизмот во државниот сектор, нема доблест да ги повика роднините на нивните функционери да се повлечат од работните места во државните институции. За разлика од криминалната ДПМНЕ и лажниот морал што сега бесрамно го промовира, СДСМ повлече вистински чекор со кој започнаа повлекувањата на вработените роднини на функционери од актуеланата власт. Покажуваме дека не сме исти, дека ги слушаме реакциите на јавноста. Се вели во писмената реакција на СДСМ на прес конференцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Писмената реакција ја пренесуваме во целост.

 

„Бизнисменот со хидроцентрали Мицкоски и ДПМНЕ, се’ уште молчат, а со тоа го одобруваат 11 годишното мрачно владеење во кое фамилијарните врски беа основен услов за вработување и кога се вработија мал милион роднини на нивните функционери.

 

Добро е што Дравната комисија за спечување корупција покренува случаи и треба да ја прошири листата. Во борбата со непотизмот не треба да има компромис.

 

Еве како изгледа непотизмот на прилепските функционери од ДПМНЕ:

 

– Мартина Ристеска, внуката на екс градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, вработена е во ООУ „Кочо Рацин“ Прилеп

 

– Златко Ристески, првиот братучед на градоначалникот, беше директор на ЈКП„Комуналец“

 

– Фанче Ристеска, сопруга на Марјан Ристески, вработена е во економскиот факултет во Прилеп.

 

– Здравко Тренески, брат на сопругата на Марјан Ристески, вработен е во Општина Кривогаштани.

 

– Дајана Тренеска, шурна на Марјан Ристески, вработена во училиштето „Манчу Матак“ во Кривогаштани.

 

– Андреа Илиеска, ќерка на Анастија Илиескиа – актуелен советник во кабинетот на Претседателот Иванов и поранешна директорка на УЈП, е вработена во Агенцијата за разузнавање.

 

– Александар Тошески, брат на Анастија Илиеска, вработен е во Централен регистар Прилеп.

 

– Сопругата на пратеникот oд ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија, Јулија Стевананџија е

вработена во здравствениот дом во Прилеп.

 

– Марија Адамческа, сестра на Стевананџија е вработена во Центарот за јавно здравје во Прилеп.

 

– Вујкото на Стевананџија, Јоска Матески е вработен во Апелациониот суд во Битола.

 

– Тетката на Стевананџија, Соња Костоска е вработена во Основниот суд во Прилеп.

 

– Братучедата на Стевананџија, Емилија Матеска е вработена на Универзитетот Климент Охридски во Битола.

 

– Виолета Лашкоска, мајка на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ана Лашкоска, беше директор на ООУ „Добре Јованоски“.

 

– Дејан Лашкоски, брат на пратеничката Лашкоска, беше во борд на директори на Тутунски комбинат Прилеп и член на Управен одбор на ЈП „Студенчица“.

 

– Елена Келтаноска Лашкоска, снаа за брат на пратеничката Лашкоска, е вработена во Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп.

 

– Донка Деркоска, сопруга на актуелниот претседател на ДИК и поранешен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и екс директор на македонски железници, Оливер Деркоски, вработена во Јавна устанува за згрижување деца во Скопје.

 

– Тони Деркоски, брат на Оливер Деркоски, вработен во ЈКП „Пазари“ Прилеп.

 

– Жанета Деркоска, снаа за брат на Оливер Деркоски, вработена е во ООУ „Климент Охридски“ Прилеп.

 

– Васко Чупаркоски, братучед на екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, вработен е во МВР – Скопје.

 

– Сања Чурлиноска, братучеда на Миле Јанакиески, вработена во Фонд за пензиско осигурување, Прилеп.

 

– Маргарита Чупаркоска, снаа за братучед на Миле Јанакиески, вработена во Агенција за електроснки комуникации Скопје.

 

– Дејан Димоски, екс директор и вработен во СОУ „Горче Петров“, син на екс градоначалник на Општина Прилеп, Илија Димоски.

 

-Славчо Димоски, брат на Дејан Димоски, вработен во ЈКП „Комуналец“ Прилеп.

 

– Кети Димоска, снаа за брат на Дејан Димоски, вработена во ЈКП „Водвод и канализација“.

 

– Габриела Димеска Јосифоска, сопруга на екс претседателот на Совет на Општина Прилеп и поранешен координатор на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Димески, вработена во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ Прилеп.

 

– Благоја Ристески, баџанак на Никола Димески, вработен во ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп.

 

– Гоце Дулески, брат на екс директорката на ООУ „Блаже Конески“ и членка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, вработен во полициска станица во Прилеп.

 

– Блаже Димески, сопруг на поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Катерина Димоска, вработен во Општина Прилеп.

 

– Хари Караџоски, брат на екс директорот на македонски шуми, Жарко Караџоски, вработен во УЈП Прилеп.

 

– Дејан Стерјоски, брат на екс директорка на Дом за стари лица „Киро Крстески – Платник“ и актуелен советник во Совет на Општина Прилеп, Ирена Стерјоска – Локвенец, вработен е во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп.

 

– Јане Локвенец, сопруг на Ирена Стерјоска – Локвенец, вработен е во Тутунски комбинат Прилеп.

 

Криминалната ВМРО-ДПМНЕ, ниту како партија на власт, ниту сега како опозиција, не повика ниту еден од овие лица да се повлечат од позициите на кои добиваа и се уште добиваат пари од граѓаните.

 

Листата на 11 годишниот непотизам на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, продолжува!“

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien