211 години затвор за крвавиот упад во Собранието на 27 април

Судот во Скопје денеска им изрече казни во времетраење од вкупно 211 години на обвинетите за упадот во Собранието на 27 април 2017. Осудените се теретат за кривично дело “терористичко загрозување на уставниот поредок “.

 

Од 17 обвинети за упадот во Собранието на 27 април 2017 година, 16 се прогласени за виновни и добија повеќегодишни затворски казни, додека еден обвинет- оперскиот пејач Игор Дурловски е ослободен од обвинението.

 

Највисока казна од 18 години затвор доби поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков кој во деновите пред и за време на упадот во Собранието бил носител на златна команда во МВР. Тогашните колеги на Чавков од МВР, Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви добија по 15 години затвор, Оливер Поповски- 13 години, а Оливер Радулов- 10 години затвор. Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање е казнет со 15 години затвор, а Абдуљфета Алими е осуден на 7 години затвор.

 

Од лицата кои со фантомки влегоа во Собранието, највисока казна добија Јане Ченто, Влатко Трајковски и Никола Митревски-Кољо – по 15 години затвор; Вилијам Михајловски доби 14 години затвор, Игор Југ и Горанче Анѓелковски по 12 години затвор, а Александар Василевски-Нинџа доби 8 години затвор.

 

Од обвинението е ослободен оперскиот пејач Игор Дурловски.

 

За „крвавиот четврток“ првично беа обвинети 33 лица кои се гонеа за делото терористичко загрозување на уставниот поредок. Од нив, 15 беа амнестирани со закон во Собранието, додека за едно лице се водеше одвоена постапка.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien