ВИДЕО – Пеце Илиоски од Прилеп има дадено крв 104 пати – Во Прилеп се одбележа Денот на крводарителството

Пеце Илиоски од Прилеп има дадено крв 104 пати. Тој е еден од прилепските крводарители кои најмногу ја имаат подарено оваа драгоцена течност. Вели дека годишно донира 4 пати, односно на секои 3 месеци. Целото негово семејство имаат долгогодишна традиција да даруваат крв. Токму поради тоа и тој е дел од една ваква огромна хумана активност.

 

 

„Кај нас доста е развиено крводарителството има повеќе млади кои даруваат крв. Даруваме за да спасиме нечиј живот. Дарувам 4 пати годишно и досега имам дарувано 104 пати. Постои и традиција во моето семејство за дарување на крв. Мојот татко има дадено крв 60-тина пати, мајка ми и брат ми по 20-тина пати“, изјави Пеце Илиоски, крводарител.

 

По повод Денот на крводарителството Илиоски доби и благодарница од Општина Прилеп. Покрај него на свеченоста присуствуваа голем број крводарители од градот под Марковите Кули, кои имаат дадено крв повеќе пати, 75, 50, 25 или помалку. Еден од нив е и Петре Јосифоски, кој има дадено крв над 75 пати. Вели дека се чувствува особено горд и му била огромна чест што може преку дарувањето на крв да спаси нечиј живот.

 

„Започнав да давам крв како младинец, во средно училиште и продолжив до денес. Ме мотивираше тоа што сакав да бидам хуман и да спасам нечиј живот. И до денес останав така, редовно давам крв немам прекинато и така планирам и да продолжам“, истакна Петре Јосифоски, крводарител.

 

 

Крводарителите упатија порака до младите да го следат нивниот пример за да спасат што е можно повеќе човечки живот.

 

„Крводарител да се биде е хумана работа, големо достоинство и чест ии нас крводарителите кои даруваме крв не не прави тоа да бидеме посиромашнии, туку напротив да бидеме побогати, бидејќи спасуваме нечиј живот без разлика на пол, возраст, вера и нација. ИИм препорачувам на малдите генерации да се приклучат кон ваквите хумани акции, да биде тоа што помасовно, бидејќи тоа е еден чин, еден хуман гест, кој што не може со ништо да се доплати“, рече Живко Ангелески, крводарител.

 

„Една порака до младите би сакал сите да даруваат крв, да бидат похумани, и на тој начин би се изградил повеќе еден соживот во нашата држава. Имам дарувано над 80 пати крв. Мислам дека засега крводарителството полека се развива, не е мал бројот, се разбудува свеста кај младите, ниеи постарите секогаш ќе им бидеме поткрепа со добриот пример“, кажа Тони Тодороски, крводарител.

 

 

Иако мажите можеби се помногубројни, сепак не бил мал и бројот на жени крводарители.

 

„Има и жени кои даруваат крв. Ние можеби повеќе отсуствуваме со бремености и повеќе работи, нашите обврски се помногубројни од оние на мажите, токму поради тоа не сме можеле секогаш да даруваме крв, но сепак е добро“, вели Јованка Бунтеска, крводарител.

 

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, крводариителите ги нарече современи херои кои секој ден тајно спасуваат нечиј жиивот.

 

„Дарувајќи драгоцена течност вие секојдневно спасувате човечки животи. Вие им дарувате здравје и живот на граѓаните, ги намалувате страдањата на семејствата, покажувајќи ја вашата несебичност и огромен придонес во заедницата“, потенцираше Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

 

Годишно во Прилеп се собирале по околу 2.000 единици на крв, што било скоро колкушто биле и просечните потреби на општината.

 

„Нека овие крводарители кои денес се тука присутни на оваа свеченост, нека бидат поттик и мотивација за идните генерации на крводарители. Моментално регистрирани крводарители има околу 3.000 во Прилеп, а годишно се собираат околу 2.000 крвнии единици. Планот за крводарители се исполнува годишно околу 98%, така што може уште малку да се зголеми бројот на крводарители во нашата општина“, рече Далибор Димоски, волонтер во Црвен Крст Прилеп.

 

Од Црвениот крст потенцираа дека и во иднина ќе продолжат со организирање на хуманитарни крводарителски акции за зголемување на бројот на крводарители во Општина Прилеп.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи