Гулаб продаден за рекордни 1.25 милиони евра

Гулабот писмоносец обучен во Белгија беше продаден во неделата на аукција преку интернет за рекордни 1,25 милиони евра, со што стана најскапата птица во светот.

 

Интернет-страницата Pigeon Paradise (Pipa) ја објави рекордната цена што ја постигна гулабот Армандо Пуни, кој беше одгледан од Џоел Вершут, 63-годишен Фламанец кој има над 500 гулаби и е еден од најистакнатите одгледувачи во Белгија.

 

 

„Никој не се надеваше дека гулабот ќе го надмине магичниот лимит од 1,1 милион евра. Конечната продажна цена изнесува 1.252.000 евра“, објави Пипа, не откривајќи го идентитетот на купувачот, кој потекнува од Кина.

 

Армандо освен за летање, ќе биде искористен и за размножување со „специјална гулабица“ што го чека во Кина, купена за идентично неверојатна сума.

 

Рекордно скапиот гулаб е стар 5 години и е пред пензија, а меѓу неговите перформанси е наведено дека „има исклучително чувство за правец и неверојатна сила на крилјата.

 

Интересот на кинеските колекционери во последниве години го поттикна порастот на цената на гулабите писмоносци за трка, во која победник е првиот гулаб пуштен од кафезот кој се враќа дома.

 

Семејството Вершут на аукција преку интернет продаде 178 гулаби за околу 2 милиони евра.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи