Глобалното затоплување и топењето на глечерите ги открива телата на настрадани планинари на Монт Еверест

Безживотните тела на загинатите планинари сè почесто се откриваат под глечерот на Монт Еверест кој започна да се топи како последица од глобалното затоплување.

 

Речиси 300 планинари настрадале во обид да се искачат на тој врв, а се верува дека две третини од телата се уште се покриени со снег.

 

Со почетокот на пролетната сезона на планинарење, телата од кинеската страна на планината се преместуваат на север.

 

„Симнавме тела на некои планинари, кои настрадале во последниве години, но сега се појавуваат постари, кои останале закопани во снегот“, изјави поранешниот претседател на непалското планинарско здружение Анг Черинг Шерпа.

 

Експертите наведуваат дека трошоците на симнување на телата на починатите планинари се меѓу 40.000 и 80.000 долари.

 

Повеќе од 4.800 планинари досега се искачиле на Мон Еверест.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien