ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Дали империјата на Заеви во производството на масло од кананис сега се шири и во Прилеп ?

Граѓаните на Прилеп во изминатиот период информираат дека тука, во овој објект позади мене, се подготвува фабрика за производство на масло од марихуана за медицински цели и дека заинтересирани граѓани веќе се пријавуваат за вработување.  Истакна на денешната прес конференција Влатко Петкоски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Со оглед на тоа дека оваа информација е секојдневна тема во целиот град, прашуваме што точно се подготвува во објектот од неколку илјади метри квадрати и дали тука ќе се инсталира технологија за ладна екстракција на масло од цветови од растението канабис сатива?

 

Прилепчани особено ги интересира дали во околината на овој објект ќе никнат и плантажи со марихуана и дали и какви последици може да предизвика тоа врз здравјето на луѓето? Минатата година премиерот Зоран Заев, пред пратениците во Собранието призна дека токму неговиот прв братучед Трајче Заев е лиценциран производител на масло од канабис.

 

Граѓаните ги интересира дали империјата на Заеви сега ќе се прошири и во Прилеп, и доколку е така, колкав би бил нивниот прилив?

 

Дали локалната власт и градоначалникот Илија Јованоски се запознаени и дали чувствуваат обврска да им објаснат на граѓаните за каква и чија инвестиција станува збор?

 

Се поставува и прашањето како производството на масло од канабис може да влијае врз здравјето на луѓето кои работат во вакви фирми и дали е точно дека тие луѓе може да имаат последици врз репродуктивниот систем?

 

Почитувани, Производството на масло од канабис е дозволено со законските прописи во државата, но со оглед на тоа дека се работи за сериозна тема и бизнис кој достигнува до 100 милиони евра, граѓаните и тоа како заслужуваат одговори на овие прашања. Ви благодарам!“, истакна Петкоски.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи