Критична маса 58: Пролетно чистење и обележување

Вечер со почеток во 17:30 часот од пред споменикот Александар Македонски, ПрилепНаТочак ја иницира 58. велосипедска Критична маса под мотото „Пролетно чистење и обележување“.

 

„Време е да направиме пролетно чистење на нашите точаци и улици. Да ги сервисираме нашите точаци, а надлежните институции да ги сервисираат улиците низ нашиот град“, велат од ПрилепНаТочак.

 

Иницијативата изминативе години алармираше за несоодветна вело-инфраструктура и потенцираше дека и оние малку вело-патеки кои ги имаме во Прилеп не се функционални и во најмала рака е потребна нивна реконструкција, обележување и отстранување на урбаната опрема која е поставена на нив. Истовремено, велосипедстите секојдневно се соочуваат и со паркирани возила кои го заробуваат јавниот простор.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien