ВИДЕО – Животниот век на липите во Прилеп е поминат, потребно е итно да се размислува за нови дрвореди

Од ЈКП „Комуналец“ Прилеп денеска истакнаа дека животниот век на липите во централното градско подрачје бил поминат, а тие вештачки ги одржувале со тоа што секоја годиина вршеле нивно кроење. Но според експертите овој начин на вештачко одржуивање на живот на липите би можел да трае уште околу 5 години, затоа морало да се започне да се размислува за итно садење на нови дрвореди.

 

 

„Затоа ние скоро секоја година вршиме кроење, со самото кроење се продолжува векот на самите дрвореди. Ако земиме во предвид дека овие дрвореди се засадени на површини каде има асфалт, а знаеме дека кореновиот систем е во ширина на хабитусот на самите дрва, тоа значи дека колку е широка крошната толку е широк и коренот. Ако знаеме дека под асфалтот не може да црпи доволно влага, затоа секоја година вршиме кроење со кое едноставно само му го продолжуваме векот на траење на липите. Липите во центарот на Прилеп имаат старост од 60 до 65 години. Гледајќи го ова дека периодот на старост е поминат во општина Прилеп во наредните години треба да се размислува за засадување на нови дрвореди“, истакна Даре Цветаноски, раководител на сектор за јавно прометни површини и паркови и зеленила.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи